Радио Милева моден амбасадор

Најдобрата тенисерка на светската ВТА-листа сите ги „излуде“ со појавата на модната писта: Од Арина Сабаленка нема посекси тениска женка (ВИДЕО)

Најдобрата тенисерка на светската ВТА-листа сите ги „излуде“ со појавата на модната писта: Од Арина Сабаленка нема посекси тениска женка (ВИДЕО)

Најдобрата тенисерка на ВТА-листата, Арина Сабаленка објави провокативно видео на социјалните мрежи и предизвика вистинско цунами меѓу своите фанови.

Едни фасинирани од нејзината убавина, други видно возбудени од нејзината провокација, трети воодушевени од модната комбинација.

Како и да е тенисерката број еден во светот, предизвика возбуда на социјалните мрежи со ново видео снимено при нејзината појава на Неделата на модата во Милано.

Сабаленка се појави во светската престолнина на модата како глобален moden амбасадор на луксузниот бренд „Гучи“, а нејзиното излегување на ревијата есен/зима 2026 никого не остави рамнодушен.

Напротив, нема кој не беше воодушевен и возбуден од нејзината појава, стил и неодоливиот сексапил!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aryna Sabalenka (@arynasabalenka)

Видеото кое го сподели тенисерката  на својот профил  брзо стана вирално, а во кое нејзината елеганција, смелиот стил и неодоливиот сексапил  ја нагласуваат нејзината фигура. Отвореното деколте и стегнатите гради  во преден план, дополнително го распламтуваат еротскиот оган.

Фото и видео: Инстаграм/ sabalenkabr/aryna sabalenka

To top