Поранешниот фудбалер и поранешен сопруг на пејачката Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ, се чини дека решил целосно да го напушти угостителстото.
Се шпекулира дека Тошиќ сфатил дека овој бизнис не е за него и дека му одзема многу време, па, како што е наведено, решил да се повлече од него.

На Инстаграм страницата на ресторанот што го водеше Душко Тошиќ се појави соопштение дека имаат нов сопственик.
– Со новиот сопственик доаѓа нова енергија и нова визија, но со истата традиција на ресторанот. Врвна италијанска кујна, елегантен амбиент со одлична музика – се вели во новото соопштение на ресторанот.
Патем, Душко Тошиќ повеќе не ја следи Инстаграм страницата на споменатиот објект, ниту пак тие го следат него.
фото:Instagram printscreen/duskotosic







