Мегафон РОКОТ ПРОДОЛЖЕН...

МРТ ги поттикнува продуцентските куќи да конкурираат за снимањето на серија, игран филм и документарец за Тоше Проески

МРТ ги поттикнува продуцентските куќи да конкурираат за снимањето на серија, игран филм и документарец за Тоше Проески

Македонската радио телевизија ги поттикнува продуцентските куќи да конкурираат на Јавниот повик за набавка на програмски содржини, објавен на веб сајтот на МРТ, со цел заедничка реализација на Проектот посветен на нашиот музички идол – Тоше Проески.

Од јавниот сервис истакнуваат дека земајќи предвид дека станува збор за пообемен и попредизвикувачки проект, рокот за конкурирање го продолжуваат за период од уште еден месец, заклучно со 24 февруари 2025 година.

-Од продуцентските куќи очекуваме да конкурираат со пријави по Јавен повик за набавка на програмски содржини за играниот филм и серијата посветени на Тоше Проески во комплет или само за документарниот филм одделно. Една продуцентска куќа може да се пријави за двата проекта (игран филм и серија и документарен филм).

Со повторениот Повик, Македонската радио телевизија им дава можност на што поголем број продуцентски куќи да се пријават со свои креативни предлог програмски проекти за Тоше Проески на Јавниот повик за набавка на програмски содржини на МРТ за заеднички да создадеме единствена програма атрактивна за нашиот аудиториум, но и како дело што ќе остане во наследство на идните генерации, велат од Македонската телевизија.

Фото: Инстаграм/proeski_pics

To top