Водителот Огњен Амиџиќ и неговата сопруга Мина Наумовиќ го очекуваат своето второ дете, девојче.

Мина е многу активна на својот Инстаграм профил и секојдневно споделува настани од приватниот живот, а нејзината последна објава предизвика вистинска возбуда, но таа брзо се покаја и ја избриша од гореспоменатата социјална мрежа.
Имено, Мина објави приватна фотографија од архивата на својот телефон на која ја гледаме во секси чипкана долна облека, со пирсинг на папокот, а во описот напиша: „Некој септември кога не бев бремена“. Мина веднаш ја отстрани фотографијата од социјалните мрежи, а причината е непозната.

Колешката на Амиџиќ, Бојана Лазиќ, откри дека двојката очекува девојче, но водителот не сакаше да го потврди тоа. „Не знам тоа, Мина ќе објасни сè. Не можам ништо да потврдам. Секако, долго време сакам девојче, би бил навистина среќeн. Сè уште не сме смислиле име“, рекол тој.




