Мегафон

Меѓународен фестивал на народна песна – „Тумба фест Куманово 2026“

Меѓународен фестивал на народна песна – „Тумба фест Куманово 2026“

На кумановскиот градски плоштад, се одржа 14 издание на фестивалот на народна хумористична песна, „Тумба фест 2026 Куманово“, во организација на Здружението за уметност, култура и заштита на културното наследство – „Етно ризница“ Куманово, со поддршка на Фондацијата за култура и спорт Куманово и Општината.

Љубителите на музичката уметност имаа можност да проследат 16 фестивалски рефрени, напишани на повеќе дијалекти од македонско и српско поднебје, во изведба на музички уметници од Македонија, Србија и Германија: Ленче Кукиќ, Ташко Каранфиловски и „Астра бенд“, Нино Величковски, Катерина Мицанова, Марјан Драгиќ, Катерина Брезева и „Соната“, Матео Шваст, „Савршен дан“, Боби Амадеус и Татјана Јовановска, Василија Петрова, Јованка ЈО, Круме Спасовски и Владо Дојчиновски, Виктор Димитриевски, Борче Наумовски – министерот, Мишко Микеле Србиновски, Кире Науновски, Сашо Трајковски и Вукица Челебиева.

На сите учесници и покровители им беа доделени благодарници за нивната посветеност, поддршка и учество на манифестацијата, а наградата за најслушана песна меѓу двата фестивала ја понесе Раде Младеновски, за песната „Ракија“, композиција потпишана од Ристо Самарџиев и Цане Петров.

Наградата за трајни вредности и припадна на познатата македонска вокална интерпретаторка, Ленче Кукиќ, за популаризација на македонската народна песна и за промоција на фестивалот со реноме, „Тумба фест“, музички настан кој е заштитен знак на градот.

фото:Општина Куманово

To top