Радио Милева секси мамасита

Бебето спие, а мама „пали и жари“ низ парк: Тазе породената Накова ги разгоре фантазиите со бујното деколте и голи нозе додека опуштено лиже сладолед

Бебето спие, а мама „пали и жари“ низ парк: Тазе породената Накова ги разгоре фантазиите со бујното деколте и голи нозе додека опуштено лиже сладолед

Поминаа две недели откако гевгелиската трентсетерка, модел и поранешна ријалити учесничка Александра Накова по вторпат стана мајка на машко дете кое го носи истото име како мама – Александар.

Првите мајчински денови се оние највозбудливите, а за Накова иако веќе искусна како мајка, предизвиците со бебенце сега, сигурно се поразлични зашто секое детнце е приказна за себе…

 

Иако тазе породената мама се уште не го открила лиценцето на своето малечко, сепак ужва да покажува како ги поминува деновите.

Овој пат, пред следбениците на Инстаграм ја покажа и првата прошетка низ парк.

 

Друштво и правеше и кученцето, а додека бебенцето спиеше, мама се стави на пауза насладувајќи се со сладолед во корнет.

Бидејќи и во постпартум периодот се пофали со завидна линија, благите ужинки за неа се сосема безгрижна закуска.

 

 

Инаку, бременоста и породувањето на Накова со второ дете беа апсолутно изненадување за јавноста, бидејќи се’  помина во строга тајност се додека бебето Алекдандар не дојде на свет.

За потсетување, Александра Накова од првиот брак со кошаркарот Никола Гајдаџиев ја има 11 годишната ќерка Леа, додека синчето неофицијално го доби од врската со бугарскиот фудбалер Ѓорги Јомов.

фото:Instagram printscreen/naleksandraofficial

To top