Општина Гази Баба одбележува 50 години постоење, а по повод големиот јубилеј на 18 септември ќе се одржи голема музичка прослава на Плоштад Автокоманда.
Како што информира градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, прославата ќе започне во 20:00 часот, а граѓаните ги очекува музичка вечер со настапи на познати македонски музички имиња.
На сцената ќе настапат Огнен Здравковски, Мелани Тарчуловска, Два Бона, Каролина Гочева и Пеџа Јовановиќ.
Стефковски ги повика граѓаните заеднички да го одбележат јубилејот и да бидат дел од прославата.
„Пет децении историја, раст, развој и заеднички спомени заслужуваат голема прослава“, порача Стефковски.
Прославата ќе се одржи на 18 септември, петок, со почеток во 20:00 часот на Плоштад Автокоманда.
„Половина век Гази Баба – половина век приказни, луѓе, маала и спомени. Да се собереме заедно, да пееме, да се дружиме и достојно да го одбележиме големиот јубилеј на нашата општина“, порача градоначалникот.
фото:Facebook / Бобан Стефковски







