Македонските јавни личности како и останатите веќе уживат во стартот на пролетта, а социјалната мрежа Инстаграм ја преполнија со пролетни фотографии од расцветани дрвца, ведро небо, а некои веќе заминаа да го почувствуваат и мирисот на морето…
Дека сонцето сите ги потсетува на лето беше доказ и објавата на познатата ТВ водителката и инфлуенсерка Елена Најдоски која и кажа добредојде на пролета, а летото веќе како да е тука…
Така е и за младата пејачка Мартија Станојковиќ па пристигнувањето на пролетта за неа значеше само едно, а тоа веднаш го сподели и со нејзините следбеници.
Таа неодамна сподели стара фотографија на која покажа дека премногу и недостига летото, а едноставното решение за летната комбинација за неа е костимот за капење во кој се чувствува слободно и секси.
Но, за да е тоа така таа уште сега почна да се подготвува и да го ваја телото со кое ќе може на раат да прави селфи фотографии со кои ќе го привлекува вниманието на јавноста.
Затоа засега доволно е да не ја одминува теретаната и дисциплинирано да се посвети само на тренинзите кои ќе ја одржат во форма.
„Подготвувајќи се за пролетните комбинации“ – напиша таа на кратката објава со која и кажа добредојде на пролетта.
Потсетникот на Мартија дефинитивно е во право време, а местото одберете го сами и охрабрете се да го покажете најдоброто од себе и да изгледате беспрекорно во сите про(летни) комбинации.
Фото: printskrin/instagram/martijastanojkovic