Радио Милева три во едно или од три - едно?

Марија Луиса Тодоровска за подолг живот побара помош во три нешта, ама доби понуда само за… една работа! (ФОТО)

Марија Луиса Тодоровска за подолг живот побара помош во три нешта, ама доби понуда само за… една работа! (ФОТО)

Пејачката Марија Луиса Тодоровска по преселбата во македонската престолнина бргу се здоби со епитетот „кралица на бакшишот“! Тезгите се множеа , а со тоа и заработката, па фолкерката секоја вечер дома се враќаше со полни раце бакшиш.

Ама пеењето во кафеаните и ноќните локали има своја цена, која понекогаш скапо се плаќа. Зашто цела ноќ си на нога, гласната музика ти ги пара ушите, пеењето ти го дере грлото, опкружена со стотици па и илјадници што ти „дишат во врат или во фаца“, најчесто во слабо осветлен затворен простор кој ти го мати видот, а пијаните гости и нивните „напорни желби и барања“ пак се посебна приказна, која заморува до исцрпување… На сето тоа ако уште и самата запалиш по некоја цигара и испиеш по некоја чашка, си ги стекнала сите предуслови за „загрозено здравје“ што може да резултира, скраја да е, со брз, бурен ама и кус живот. Или што би рекле своевремено хипиците: „Живеј брзо, умри млад и имај симпатичен леш“ – не дај Боже!

За да не биде тоа баша така и на твоја глава и да не го почувствувате на своја кожа, како сакате, Марија Луиса Тодоровска се погрижи да си најде рецепт за  долг живот! Бараше, бараше и од сите варијанти на кои налета, си ја одбра онаа која најмногу и одговара… Или можеби мислеше дека и е најпристапна?!

Имено пејачката некаде прочитала дека: „Смеењето, сексот и парите го продолжуваат животот“! Затоа Марија како лице со професија која спаѓа во загрозената категорија, побара да и помогне кој со што може.

До душа од пари заработува и повеќе од доволно, ама знаете како велат… Никогаш доста. Од вишок глава не боли!

 

Што се однесува до смеењето, битолчанката покрај тоа што важи за „кралица  а бакшишот“ е и „царица за смешки“. Чешита и вицкаста, Марија постојано другите ги засмејува, а оние околу неа неретко умеат да ја насмеат и неа самата…

Е сега она третото… Кога човек ќе ги види сите нејзини разголени фотографии, еротски клипчиња, пиштол голи сликички, еротски помагала и секс играчки, нема шанси да го убедите дека на пејачката сексот и недостига.

Дури би кажале дека и е преку глава. Арно ама, не мислат баш сите така. Дури не мисли ни мнозинството, па затоа на повикот на Марија – вака се понудија да помогнат, на што таа шеговито им возврати:  „Абе сите со секс сакате да помогнете, а со пари никој“?!

Добро, може ќе се најде некој што ќе понуди и пакет од  споменатите две – три работи, па колку чини – да се плати… За подолг живот се разбира… Само да е исполнет со разновидни задоволства: Кеш, смеа и оргазми!

Фото: Инстаграм/luisa.todorovska

To top