Радио Милева црна свадба

Марија Луиса Тодоровска во невестинска преписка со мајка и: „Црна свадба, само преку мене мртва… јас не ти идам на свадба, да си знаеш“! (ФОТО)

Марија Луиса Тодоровска во невестинска преписка со мајка и: „Црна свадба, само преку мене мртва… јас не ти идам на свадба, да си знаеш“! (ФОТО)

Откако ги преброја годините нанзад во кои е „сингл“ на Марија Луиса Тодоровска некако и се видоа многу, па почна низ главата да и се мота она што досега ретко и паѓаше на памет.

Арно ама, за да не се чувствува и понатаму како „бидермаер“, неа да ја фатат, а друга да оженат, пејачката почна да размислува како тоа би изгледало кога таа еден убав ден би била невеста!

Кога ќе дојде моментот нема која не ја замислува, обмислува, планира, режира… својата свадба. Од венчаницата до накитот,  од штиклите до прстенот, од фризурата до музиката и секако  декорацијата во салата каде што ќе се одвива свадбата.

Секој можен детаљ, од најкрупен до најмал, секоја ситница што ќе и падне на ум на онаа што тој ден ќе облече венчаница. Зашто влогот не е мал, иако некои и по два-три пати застануваат пред олтар, ама тоа е друга приказна. Оваа првата свадбена, мора да биде најбајковита!

Токму затоа Марија Луиса своите  свадбени замисли и сништа, пред еден ден да ги преточи во стварност, реши да ги сподели на социјалните мрежи.

Црна, длабокодеколтирана, блескава венчаница со светлечки циркони, налик на ѕвездите на ведро ноќно небо и црни елегантни сандали со високи потпетици и црн прстен, е свадбениот аутфит во кој себе си се гледа и се замислува како невеста Марија Луиса.

Над се и целата свадбена декорација во салата украсена во црно… Од столиците, чаршафите на масите и чиниите, до салфетките и свеќите… Со еден збор „Црна свадба“!

Откако свадбената идеја пејачката визуелно со фотографии ја илустрираше и јавно сподели, прва со своја реакција се јави мајка и!  Жената шокирана од „црнилата“ на нејзината ќерка и пишала во порака по битолски: „Јас не ти идам на свадба да знајш… Само преку мене мртва, во црно не се прај свадба“…

Како заврши целата преписка помеѓу пејачката и нејзината мајка, проследете во продолжени, кое до солзи ќе ве насмее… Или можеби сериозно ќе ве замисли, за да не дојдетево фаза на лудило или тажење, ако и вие имате женско дете за мажење.

Фото: Инстаграм/luisa.todorovska

 

To top