Марија Луиса Тодоровска досега важеше за македонска фолк кралица на бакшишот, зашто речиси после секоја свирка, се вражаше дома со „вреќа пари“ кои задоволните гости и ги оставаа, става, лепеа… кој како на битолската пејачка!

Неретко на социјалните мрежи и написите по порталите осамнуваа фотографии во кои секапилната Марија не можеше да го додржи микрофонот, од што рацете и беа преполни со банкноти денари и девизи, најчесто евра или долари! Не случајно некои велеа дека Марија Луиса отсега треба да пее со т.н. „пилотка“, зашто рацете и се секогаш презафатени па нема како да го држи… микрофонот!

„Фолк кралицата на бакшишот“ и понатаму продолжува одлично да им го прави ќеифот на гостите, штом и тие и понатаму ја китат со банкноти, но како и во секое кралство и во ова нашето естрадно, се појавуваат нови деца. Нови претенденти на тронот, кои полека покажуваат дека се на добар пат „да и ја симнат круната“ на „бакшиш кралицата“.

Имено една од македонските учеснички која со својата појава во „Ѕвездите на Гранд“ и „IDJShow“ бргу го сврте на себе вниманието на јавноста беше и младата македонска пејачка Љупка Арсовска.
Оттогаш и тргна со настапите по ноќните локали, клубови и дискотеки, каде Љупка со својот вокално-танцувачки секси перформанс умее да ги фрли гостите во транс. Особено е смела во танцувањето, па најчесто машката клиентела никако не го симнува погледот за време на целиот настап, на кој покрај забавата и вокалниот потенцијал Љупка умее визуелно да го сподели со нив сиот телесен раскош што Бог и го дал!

Така беше досега секаде каде што гостувала низ цела Македонија и понешто во соседна Србија, но овој пат атрактивната Љупка имаше прилика да го покаже сиот свој естрадно-телесен раскош малку подалеку.

Хрватската престолнина Загреб беше локацијата каде Љупка Арсовска за прв пат настапи во еден градски локал каде имаше прилика да го покаже сиот свој естрадно – телесен потенцијал. Споделеното видео покажаува дека нејзиното пејачко деби гостување во Хрватска, било успешно „до даска!“
На клипот убаво се гледа секаспилната неготинка распеана, разиграна, насмеана и ведра, додека окулу неа летаат банкноти евра! Впрочем бакшишот најдобро говори дека да можело, Љупка би пеела до зори!

Но и вака, повеќе од од очигледно се добива јасна перцепција дека Марија Луиса добива жестока конкуренција. Љупка Арсовска е на добар пат „да и ја симне круната“ на „бакшиш кралицата“?

Фото: Инстаграм/luisa.todorovska//arsovskaljupka






