Атрактивната македонска пејачка со желба за регионална кариера Љупка Арсовска не престанува да ја дразни јавноста со нова тура предизвикувачки фотографии и видеа.

Само што овој пат сексапилната убавица не е сама туку друштво и прави машки лик, со кого онака разиграни навидум наликува дека се приличлно блиски.

Имено, додека во позадина свири музика, еден бугарски турбо-ориентал, разиграниот пар заводлив танц се здал, при тоа имајќи блиска средба. Тој неа ја зема в раце па ја крева до рамена, таа онака „расчаталена“ го распослала сиот свој сексапил, па двајцата заедно се вртат како рингишпил!
Тој со исправени колена свиткан во половина го допира подот со таква леснотија што чиниш за него нема зима, додека таа зад него симулира „доги“ еротска интима. Е сега млку е нејасно и чудно, зашто по логика на нештата би требало да е обратно, односно местата да бидат сменети, арно ама…
Ситуацијата дополнително ја искомплицира и расната убавица, која сподели пост што ги мултиплицира сомнежите.

Имено, телесно надарената пејачка напишала дека со ликот кој по лицето го милува и во еден момент го бакнува, би биле совршен пар, ама… Има едно ама!

Можеби одговорт на тоа „ама“ лежи токму во погоре прикажаната „еротска симулација“ на расната дама?

Патем, ликот од видеото кој се претставува под уметничкиот прекар „ Alienman“ на Инстаграм е македонскиот танчар и кореограф Даниел Коцев кој претходно се појавувал и во неколку други спотови на познати македонски изведувачи.
View this post on Instagram
Што и да е, едно е сигурно од љубовна афера помеѓу Љупка и Даниел нема ништо… Можеби се совршен пар, ама само за заедничка соработка во професиите за кои имаат дар, па токму нешто ново и подготвуваат. Кореографија за некој важен настап или за нов видеоспот?
Останатото е веројатно само „симулација“ за провокација на која „се пали“ нашава, а уште повеќе и онаа од соседството „ријалити нација“! Арно ама…
Фото: Инстаграм/alienman__/arsovskaljupka




