Некогашната „Гранд“ и „IDJShow“ ѕвезда каде и да е, очигледно умее да го сврти на себе вниманието на јавноста. Па така Љупка Арсовска продолжува да ја дразни јавноста со нова тура предизвикувачки фотографии и видеа. Само што истите овој пат се и „зачинети“ и со провокативни слогани, кои доплнително ја креваат возбудата „во небеса“.

Овој пат сексапилната пејачка облечена во црно, тесно припиено мини фустанче, длабоко деколтирано и отстрана со врвки исшнирано, со голем црн шешир и лакирани високи чизми над колена, изгледа како отаде океанот да е дојдена. Како секси каубојка од „Дивиот Запад“ подготвена за „заводнички напад“!

Таа онака расна и бујна ги менува фото-позите, додека „влажни погледи“ ја следат од посилниот пол, кај кој паѓаат облози дали тоа заводливата пејачка вака се стокмила и подготвила за некој настап, за гостување во некое ТВ студио или само за… „еротско родео“?

И додека по нејзиниот љубовен повик: „Дојди кај мама“, дополнително паѓаат облози дали е сама, Љупка Арсовска со видеоклип ја потврдува тезата дека е нашата естрадна убавица со можеби најбујна предница и најубава задница.

Манекенскиот од, таканаречениот „cat walk“ на нашата пејачка само потврдува колку е секси мачка… Долгите нозе и длабоко потонатата бела танга во “долината на желбите“ низ кусото фустанче од ситна плетка што се проѕира додека пејачката гордо парадира, само дополнително ја зголемува возбудата, водејќи ве заедно со Љупка „низ вратите на имагинација“ во светот на желбите и заблудата.

Зашто кога е во прашање ваква „еротска бомба“ копнежите и посакувањата се разбирливи, само што ваквите убавици колку и да се примамливи, најчесто за повеќето се недопирливи. А и за оние што ќе успеат да и пријдат поблиску од дозволеното, пред да се опуштат повеќе од што треба, мора да внимаваат… Зашто оваа „секси каубојка“ – прва класа, умее да каса!

Барем така и пишува на слоганот на топ маичката… И ако некој сака да се обиде, нека припази пред да покуша… Да не биде „гризнат за душа“!
View this post on Instagram
Фото и видео: Инстаграм/arsovskaljupka







