Радио Милева Длабоко деколте и шлиц до колкот

Луна Ѓогани во смел стајлинг на гала-настан со Марко: Сите зборуваат за нејзиниот изглед

Луна Ѓогани во смел стајлинг на гала-настан со Марко: Сите зборуваат за нејзиниот изглед

Познатиот ријалити пар, Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ,се појавија на гала-настан, видно дотерани.

Луна за оваа пригода облече долг црн фустан со длабоко деколте, како и шлиц кој се протега до бутот и ја истакнува нејзината фигура.

Таа избра и многу елегантна фризура, која го истакна нејзиното лице и впечатливата шминка.

Марко го усогласи стајлингот со својата сопруга – облече црна кошула, црни панталони и лакирани чевли.

Тие позираа пред присутните медиуми, а потоа се упатија кон влезот.

Луна и Марко веќе пет години се во брак, а нивното семејство го збогатија двете ќерки, Миа и Лана.

Иако секојдневно се посветени на родителските обврски, неодамна успеаја да најдат малку време само за себе и за одмор.

Двојката тогаш објави снимка од џакузи, на која се гледа како уживаат во својот момент и целосно се опуштени. Нивното бегство недалеку од местото на живеење било можност да се релаксираат, да поминат време заедно и накратко да ги заборават сите обврски, а според снимката што ја објавиле, се чини дека одморот и тоа како им годел.

foto: printscreen/instagram/luna_djogani

To top