Пејачката Сара Јо повторно предизвика големо внимание и ги привлече погледите со провокативна објава на социјалните мрежи. Таа на својот профил на Инстаграм сподели фотографија на која позира гола, а градите ѝ се покриени само со долги прамени руса коса.
Во спуштени фармерки и со песна од Бритни Спирс, пејачката ја покажа својата заносна фигура и предизвика вистинска бура од реакции меѓу следбениците.

Најпредизвикувачката објава на Сара пристигна токму во моментот кога јавноста на големо зборува за нејзината нова врска со младиот актер Алексеј Бјелогрлиќ.
Во еден момент дури и ги спушти фармерките, дополнително поттикнувајќи ја фантазијата на своите следбеници.

Пејачката Сара Јовановиќ пред неколку дена ги изненади своите следбеници на Инстаграм, кога на стори објави прва заедничка фотографија со својот нов партнер, актерот Алексеј Бјелогрлиќ. Тие одмарале покрај море, а опуштеното селфи настанало под чадор на една каменеста плажа, додека уживале во сончевите зраци.
Пејачката на фотографијата не ја симнува широката насмевка од лицето, додека позира веднаш до синот на Драган Бјелогрлиќ. Од друга страна, младиот актер има нешто помистериозен израз на лицето, позирајќи со очила за сонце, како вистински шмекер, и цигара во раката.

Оваа неочекувана и интимна објава од летувањето веднаш предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи.
foto: printscreen/instagram/sarajo







