Радио Милева без вода на пијано...

Марија Спасовска за малку да настрада: За среќа незгодата што и се случи, само моментално ја „извади од папучи“! (ВИДЕО)

Марија Спасовска за малку да настрада: За среќа незгодата што и се случи, само моментално ја „извади од папучи“! (ВИДЕО)

Младата македонска пејачка и кантавторка Марија Спасовска летово беше хиперактивна. Периодот на факултетска пауза од студиите во Солун го искористи да ги одработи сите ангажмани и обврски што ги презеде преку летните месеци. Од учеството во музичко – поетскиот каравана „Силно светнал ден“ по повод 35 годишнината на македонската независност, до приватните обврски во вид на спорт и рекреација или ноќна забава…

Сепак музиката Марија не ја делеше само со публиката на сцената по градовите низ Македонија, туку истата младата пејачка ја практикува во секоја прилика. Зашто прстите треба да се вежбаат,, а гласот е исто така своевиден инструмент кој постојано бара тренинг.

За тоа иделна средина е домашниот амбиент, нејзината соба и пијаното. Таму Марија е најраспена… Некои од вечните македонски евергрини на пример,  се одлично поле за вежбање на гласот и прстите, а во исто време и за ќеиф на душата… Како онаа – безвременската „Колку солзи…“ на Маја Оџаклиевска, чие гостување на прославата веројатно ја поттикна младата пејачка да се потсети на песната.

Или макфестовскиот хит на Тоше Проески – „Морска ѕвездо“, кој Марија ја расположи… Како и не би, кога… „Лево љубов, а десно музика…“! Арно ама непосредно потоа, среде свирка одозгора доаѓа „неволја“!

Имено, штом Марија тргна да повежба малку класика, како гром од ведро небо, одозгора од  пијаното летна нешто кон дирките и прстите на младата уметница.  Марија Спасовска за малку да настрада, но за среќа незгодата што и се случи, само моментално ја „извади од папучи“!  Зашто шишето со вода што го беше ставила над пијаното сепак беше ем празно, ем пластично, а не стаклено!

Шокот кусо траеше, па бргу се претвори од страв во смеење.

До душа извадено од памет беше и братчето што се гледа во позадина на видеото. Од сето тоа поуката е една: „Не ставај ништо додека свириш над своето пијано, зашто во спротивно може да биде многу, многу…  зае*ано“!

Фото и видео: Фејсбук и Инстаграм/marija.spasovska

To top