Глумицата Аманда Сајфред и нејзиниот сопруг, колегата Томас Садоски, одлучија да стават точка на својот брак по девет години заеднички живот.
Парот ја потврди оваа вест во заедничка, ексклузивна изјава за магазинот „People“.
– Разделени сме веќе одредено време и тоа се покажа како вистински потег за нас и за нашето семејство. Секогаш ќе бидеме тука еден за друг, и тоа е добро – порачаа Аманда и Томас во официјалното соопштение.
Нивната љубовна приказна започна во 2015 година, кога заедно глумеа во претставата „The Way We Get By“ во Њујорк. Судбината повторно ги спои истата година на снимањето на филмот „The Last Word“, каде што толкуваа романтични партнери, а хемијата од платното брзо се претвори во вистинска романса.

Парот се сврши кон крајот на таа година, а во март 2017 година следуваше интимна венчавка.Зборувајќи за нивната венчавка во тајност, Садоски своевремено откри:
– Се венчавме во тајност. Едноставно заминавме во внатрешноста на земјата со матичар, само ние двајца, и го направивме тоа на наш начин. Беше преубаво. Беше токму онака како што требаше да биде. Бевме само ние двајца – рече актерот тогаш.
Набргу по венчавката, во март 2017 година, ја добија ќерката Нина, додека во септември 2020 година им се придружи и синот Томас Џуниор.

Сајфред и Садоски вешто ја чуваа својата приватност, избирајќи помирен и повлечен живот на имотот во северниот дел на Њујорк, каде што уживаа во природата, животните и семејните моменти, повремено споделувајќи со јавноста детали за заедничката хуманитарна работа.Глумицата во повеќе наврати истакнуваше колку ѝ значи сопругот, а неговата безусловна поддршка јавно ја пофали и на доделувањето на Еми наградите во 2022 година, откако триумфираше во категоријата за најдобра главна глумица. Сепак, и покрај една деценија љубов и заедничка борба, парот донесе одлука секој да тргне по својот пат.
фото:Instagram printscreen/mingey/You tube printscreen/Entertainment Tonight






