Радио Милева зад сцената

Еве како изгледаше создавањето на видеата од албумот „Кукла жива“ заедно со Тамара Тодевска, Миа Костова и целата екипа… (видео)

Еве како изгледаше создавањето на видеата од албумот „Кукла жива“ заедно со Тамара Тодевска, Миа Костова и целата екипа… (видео)

„Кукла жива“ конечно живее, а ова е само почеток“- вака поп- пејачката Тамара Тодевска сосема накусо ја воведува својата публика во она на што изминатите месеци, ако не и повеќе од тоа го работеше за себе и секако оние кои ја величат – верните поддржувачи за кои твори и постои.

Неодамна објавениот албум „Кукла жива“ има 10 песни со 10 приказни, никогаш полични и поемотивни од Тамара Тодевска, музички профил од она кое замислила да го прераскаже преку она што најдобро го знае и умее – пеењето.

Една нова ера, нов музички, професионален почеток на кој е осеобено горда. Приказните од „Кукла жива“ толку лични, но од истите, или барем од некоја би се пронашол секој…

После толку многу работа во студио додека се сними аудиото, а потоа и видеото, јасно е дека периодов фокусот на Тамара е ова и ништо друго!

Сега, главната протагонистка сакаше пред сите да покаже како изгледаше создавањето на визуелниот дел, заедно со Миа Костова на која работеше за темата „Карма“, а потоа следи и делот од реализацијата на „До крајот на светот“, секако заедно со целиот тим задолжени за финалниот резултат.

Како се’ ова изгледаше од зад сцената гледате во видеото во продолжение кое наедно е само една мала увертира и потсетување за големиот концерт закажан за 7-ми декември како заокружување на 25 годишната музичка кариера под македонското естрадно небо.

 

фото:facebook/Tamara Todevska/ Gemini(ВИ)

To top