Здравствената состојба на музичарот Бора Ѓорѓевиќ е влошена, а сите настапи на бендот се откажани до понатамошно известување. Менаџерот на групата „Рибља чорба“, Бане Обрадовиќ за медиумите објави дека Бора е задржан во болница.
„Бора е во болница, а се’ ќе знаеме за 24 часа. Засега имаме само информации дека се работи за тешко воспаление на белите дробови, а за се’ е информирано семејството“ – изјави Бане Обрадовиќ, менаџер на групата.
И на официјалната Фејсбук страница на групата „Рибља чорба“ објавено е соопштение за здравствената состојба на нивниот лидер и основач.
„Драги пријатели, поради нарушено здравје, лекарите му забранија на Бора Ѓорѓевиќ да патува и да се напрега зашто му е констатирана тешка пневмонија, но и заради влошување на состојбата со хронична опструктивна болест на белите дробови. Секако, како и секогаш, ќе ја победиме болеста и штом Бора се опорави, ќе се видиме на нови концертни собири“ – стои во споделеното соопштенние од групата.
Foto: You Tube preentscreen/Dok anđeli spavaju