Радио Милева ѕвезда на песокот...

Лејла Рамковска сакаше да се овековечи себеси на магичното зајдионце на Санторини, арно ама неканета гостинка „и го украде“ шоуто (ВИДЕО)

Лејла Рамковска сакаше да се овековечи себеси на магичното зајдионце на Санторини, арно ама неканета гостинка „и го украде“ шоуто (ВИДЕО)

Јога инструкторката Лејла Рамковска иако  ја гази петтата животна деценија,  воопшто не изгледа дека тоа е така. Напротив, убавата и најмала ќерка на сопственикот на некогашната А1 ТВ Велија Рамковски иако е и мајка на две деца, нејзиниот младешки изглед никогаш не би укажал на годините.

Посветена на она на што последниве години целосно му се предала како инструктор по јога или што би рекла и самата „ментор за ум и тело“, Лејла успеала да  најде малку време и за себе и сопствен одмор од обврските. Изборот за летување, магичен. Една од  десетте најуникатнни летни светки дестинации, вошебниот вулкански остров Санторини.

И кога е некаде надвор од дома и своето Скопје, јога инструкторката не пропушта да ја се испочитува себеси и да не одржи барем една јога кура, каде и да е, а магијата е пособна особено на зајдисонце!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lejla Ramkovska (@lejlaramkovska)

Но, овој пат на плажата со ситен црн вулкански песок Лејла на зајдисонце не одбрала да ги менува своите јога пози. Едноставно само сакала да ја сниму убавината на квечерината во која во далечината на  хоризонтот златно-жолтото сонце полека потонува во непрегледната морска шир создавајќи жива уметничка слика.

А во таа слика сакала да се вгради и самата јога инструкторка, додека го овековечува волшебството на магичниот сончев залез со сите негови неописиви убавини на Санторини.

Чекор по чекор по црниот вулкански песок за влез во морските води, за потоа онака влажна и освежена, да тргне да излегува од водата, за да се врати на црно-платинестата плажа.

Арно ама, нејзината уметничка замисла во таа волшебна убавина ќе и ја „расипе“ неканетa гостинka… Или можеби ќе ја разубави, зашто иако на Лејла не и беше таква намерата, една мачка ѕирна во кадрот на камерата. Потоа убаво си се прошета по крпата на песокот , па си се испружи на истата, како главна ѕвезда, која и го украде зајдисонце шоуто на Лејла!

Случајно и без намера, Лејла и да сакаше не ќе можеше да сними вака мила глетка во камера!

Фото и видео: Инстаграм/lejlaramkovska/ АI Chat GPT

 

To top