Радио Милева вистинска бомба

Кортни Кардашијан горда на своето тело: Ријалити ѕвездата се соблече во бикини и покажа како изгледа (фото)

Кортни Кардашијан горда на своето тело: Ријалити ѕвездата  се соблече во бикини и покажа како изгледа  (фото)

Ријалити ѕвездата Кортни Кардашијан повторно ги запали социјалните мрежи со својот сензационален изглед.

Таа неодамна на својот Инстаграм профил сподели жешки фотографија од егзотичниот одмор каде го прослави својот 45-ти роденден со стил. На обожавателите им го одзема здивот кога позираше во минијатурни бикини на Диор, покажувајќи ги своите неверојатни облини и беспрекорниот тен. А никој не би  помислил дека го добила четвртото дете на 44 години.

Во описот на објавата во која ја покажа атмосферата во која прослави напишала: „45 кругови околу сонцето“, видно среќна и исполнета, додека друштво и прават децата и партнерот Скот Дисик.

На одморот на островите Туркс и Каикос, таа го помина времето и со сестрите Клои и Ким Кардашијан, кои исто така пристигнаа на оваа егзотична дестинација, а нивната заедничка фотографија од плиткото, во црни бикини, привлече големо внимание.

фото: printskrin/instgaram/kourtneykardash

To top