„Компас Бенд“ е состав кој со години успешно ја гради својата приказна низ настапи, хитови и препознатлива атмосфера, неодамна ја промовираше својата нова песна и видео запис „Позитив – негатив (Кој е крив)“, проект кој веќе привлекува огромно внимание кај публиката.

На чело на бендот е харизматичниот Љупчо Ваневски – Бубе, фронтмен и вокал кој со својата емоција, сценска енергија и препознатлив стил одамна го има освоено срцето на публиката. Покрај него, женската музичка енергија во бендот ја носи Ивана Ѓеоргиевка, вокал со впечатлива интерпретација и модерен музички сензибилитет, додека музичката магија зад аранжманите и продукцијата ја создава Мишо Стојановски, човекот задолжен за клавијатури и продукцискиот дел на бендот.

Новата песна „Позитив – негатив“ носи современ звук, динамична емоција и приказна во која многумина ќе се пронајдат. Станува збор за композиција која зборува за спротивностите во љубовта и животот, за моментите кога срцето и разумот се судираат, но и за онаа силна енергија која ги поврзува луѓето. Освен што музички звучи модерно и моќно, песната е надополнета и со впечатлив видео запис кој дополнително ја доловува атмосферата и пораката.

Или како што самите членови на Компас бенд ќе споделат под видеото објавено на Јутјуб: „Не е важно кој победил, ако изгуби љубовта… А некои љубови никогаш не завршуваат, се чекаат да бидат доживеани некаде помеѓу световите каде нема место за гордост и себичност. Тие љубови живеат во полн ек таму каде не постои Јас туку само Ние … Погледнете го спотот за нашата најнова песна. Емотивно и искрено, оваа песна е за сите оние кои сакале вистински и кои изгубиле нешто што верувале дека ќе трае засекогаш. И не е само песна, ова е порака за сите кои ја имаат таа дарба да сакаат некого повеќе од себе. За љубовта секогаш е вистинско време… „Врати се, има уште денови за нас.“

Музички се работи за емотивна и нежна балада со латино призвук и срцепарателни стихови, кои совршено се вклопуваат во испреплетените складните вокали на Бубе и Ивана. Автор на музиката, текстот, аранжманот и продукцијата е познатиот Зоран Рудан – Цеки во чие студио и е снимана песната, а самиот свири и на неколку инструменти во истата.

За истата режисерот дарио Јанковиќ и неговата видеопродукција Генерал филм студио изработиле прекрасно видео чиј секој кадар се стопил со песната и убавините на Преспанското езеро.

Токму затоа, многумина веќе коментираат дека „Компас Бенд“ не е само бенд за добра забава, туку музички бренд кој знае како да ја следи модерната музичка сцена, а притоа да остане свој и препознатлив.

Со новата песна „Позитив- негатив (Кој е крив)“ и новите латино-џез миксови, бендот уште еднаш покажува дека вистинската музика нема граници кога е создадена со душа, талент и искрена енергија.

Како звучи и изгледа новата балада „Позитив негатив“ на „Компас бенд“ проследете од видеото во продоолжение…






