Радио Милева стилска корекција

Kомичарот Бојан Велевски возврати на критиката од Сергеј Варошлија: Автентично и со многу драма, баш онака како што му личи (фото)

Kомичарот Бојан Велевски возврати на критиката од Сергеј Варошлија: Автентично и со многу драма, баш онака како што му личи (фото)

Македонскиот актер и стендап комичар Бојан Велевски беше еден од гостите на неодамна одржаните награди на јутјуберот Стефан Лазаров, а како и останатите и тој застана да позира пред објективот од црвениот килим.

Сосема лежерен и во кежуал издание од џинс, кошула и бели патики, Бојан реши токму ваков дека треба да се појави на настанот и со тоа да го испочитува домаќинот и неговата покана.

Арно ама, црвениот килм на Лазаров никако не поминува без модните коментари на неговиот пријател и моден соработник Сергеј Варожлија, кој од своја модна перспектива и добра поткованост, за секого имаше да каже дали го направил вистинскиот стилски избор.

Бојан беше во оние со несреќен моден избор за едно вакво случување по што Сергеј го искритикува:

-Ова е утка. Ова е тип-топ утка. Ова е фул утнато. Ова не е ни за во диско. Ова е за летна прошетка. Прво има „скини“ фармерки, второ има бели патики доле и џинс на формално елегантен дрес код, и има кошула која си ја облекол одозгора. Ова не е за на црвен килим, беше критиката на Варошлија.

За да се сопрат ваквите или онакви коментари за тоа дали бил добро или лошо облечен, Бојан реши во свој стил да возврати на критиката и со помош на АИ(вештачка интелигенција) да ја исправи грешката и да се стилизира најдраматично што може.

Вистинскиот избор кој сметаше дека ќе ги задоволи модните погледи на Сергеј, беше театрален костим како од некоја модерна верзија од популарната серија „Игра на тронови“.

“Ѓаоло е во деталите” Да ја заокружиме интернет драмата која ја тресе Македонија овие јунски денови. Мала шала не е на измет, нали овај… напиша Велевски во кусиот опис, а откако почнаа да се редат коментари од следбениците, тој реши да стави кочница, па се дополни:

-Се шалиме малце… сеа тоа што ја сум малце „хардкор“, тоа е.. таков сум, не можам од себе да бегам. Бидете пристојни, нагласи комичарот.

За Бојан добропознато е дека и најтешките теми успева да ги претвори во лековита смеа, а од конкретниот случај веруваме дека истото го предизвика и кај Сергеј Варошлија.

Дали ќе има нешто да каже по оваа вешта модна монтажа на Бојан и Chat Gpt, останува да видиме…

фото:Instagram printscreen/varoshlijasergej/velevski.bojan/ Chat GPT

To top