Промотер

Кирил Џајковски го најави својот нов албум „Memory Paradox“ со моќен сингл – „Head High“ (ВИДЕО)

Кирил Џајковски го најави својот нов албум „Memory Paradox“ со моќен сингл – „Head High“ (ВИДЕО)

Деновиве, пшоточно на 16-ти јануари беше објавен новиот сингл и видеоспотот за темата  „Head High“ на Кирил Џајковски, со која тој се враќа со моќна и ангажирана музичкапорака и воедно го најавува својот претстоен drum & bass албум „Memory Paradox“. Песната претставува прв официјален сингл од албумот и веќе е достапна на сите стриминг платформи.

Во „Head High“, Џајковски соработува со американската уметница и негова долгогодишна соработничка TK Wonder, која ги потпишува вокалите и текстот, кој е моќен, самосвесен и политички набиен, инспириран од историската борба за достоинство, отпор и идентитет. Лириката повикува на непокор, споменувајќи фигури како Емет Тил, Медгар Еверс, Мартин Лутер Кинг и Малколм Икс.

Музички, песната е изграденa врз препознатливиот продукциски потпис на Џајковски – динамичен drum & bass ритам, моќна бас линија и современа електронска текстура, кои совршено ја носат пораката на текстот. Џајковски воедно е задолжен за инженерингот, миксот и мастерингот на песната.

Видеото за „Head High“ е визуелно силна и концептуално прецизна надградба на песната. Ко-режијата ја потпишуваат TK Wonder и Cipriana Quann (The Quann Sisters), при што TK Wonder е и креативен директор и монтажер, а Cipriana Quann стои зад камерата како директор на фотографија. Спотот е снимен во Невада, а визуелниот јазик ја следи пораката на песната – самоуверено движење, исправен став и одбивање на стравот и наметнатата тишина.

 

Со ова издание, Кирил Џајковски уште еднаш потврдува дека неговата музика не е само за движење, туку и за будење – со глава крената високо.

To top