Радио Милева изненади

Кеба откри како го добил прекарот: „Ни јас долго време не знаев што значи“

Кеба откри како го добил прекарот: „Ни јас долго време не знаев што значи“

Пејачот Драган Којиќ откри како го добил прекарот Кеба, по кој е препознатлив на естрадата со години. Кеба, кој неодамна се пожали дека има проблеми со меморијата, гостуваше во емисијата на неговата колешка Светлана Цеца Ражнатовиќ и призна дека долго време самиот не знаел што значи Кеба.

– Дедо Бранко ми го даде прекарот „Кеба“, ни јас не знаев долго време. Тоа значи „остра сабја“. Тој тоа го препозна, прекарот никогаш не се дава случајно.

Се однесува на мојата острина што навистина постои во мојата природа – рече Кеба во „Цеца шоу“.

Цеца беше изненадена од оваа изјава, па веднаш го прекина.

– Ти , остара сабја? Каде? Нема грубост во тебе!

Ти секогаш им пристапуваш на сите од најпозитивната страна. Толку си љубезен. Дали знаете луѓе дека никогаш во животот не сум го видела лут. А кога ќе се налути и сака да каже нешто, тоа му поминува за секунда и како ништо да не се случило – откри Цеца.

Патем, Кеба неодамна ги изненади гледачите во квиз-шоуто „Суперпотера“ кога се појави како натпреварувач.

foto: printscreen/instagram/cecaidecashow/dragankojickeba

To top