Водителката Јована Јеремиќ се огласи од болница со силна порака, каде што се опоравува по естетска операција.
Јована Јеремиќ се подложила на естетска операција за зголемување на градите, а моментално се опоравува во болнички кревет. Од болничката соба сподели фотографија со директна порака за автентичноста и прифаќањето на себеси.

„Враќање кон себе. Не мора никому да му објаснуваш која си. Доволно е да престанеш да бегаш од себе. Никогаш да не се намалуваш себеси за да не бидеш премногу. За кого си премногу, тој не е за тебе“, напиша водителката.

На фотографијата што ја објави веќе може делумно да се забележи резултатот од операцијата, а бројни следбеници коментираa дека, според нив, избрала соодветна големина.
Инаку, Јована по операцијата откри дека одлуката ја донела исклучиво заради сопствено задоволство и дека нејзиниот партнер Милош немал никаква врска со нејзината одлука.






