Мегафон тажна вест

Ја загуби животната битка: Почина Панчо од ДНК

Ја загуби животната битка: Почина Панчо од ДНК

По долготрајната и тешка битка со последиците од трагедијата во Кочани, денес во приватната клиника  каде што повеќе од шест месеци се лекуваше, почина Владимир Блажев – Панчо, предводникот на ар ен би дуото ДНК.

Неофицијалните информации говорат дека последните недели, особено последните денови се борел со тешка бактериска инфекција, која била животнозагрижувачка, а лекарите и медицинскиот персонал и покрај целата борба и се’ што можеле да сторат, а било во нивна моќ, не успеале да му го спасат животот.

За жал, трагедијата во Кочани зеде уште една, 64 жртва ( заедно со починатиот притворен полицаец)…  Замина уште една македонска музичка легенда, човек чија музика беше дел од нашето секојдневие, од нашите спомени и емоции.

Панчо е роден на 29.07.1979 во Скопје. Зад себе остави два сина, Андреја и Марјан и сопругата Маја.

Тој беше познат и како голем хуманитарец, кој заедно со Андреј низ годините им помогнаа на голем број семејства и лица кои имаа потреба од секаква помош.

Нека почива во мир, со вечна благодарност за сè што остави зад себе и како музичар и автор и како човек.

 

 

To top