Некогаш скопјани Искра Мишиќ ја знаеја како тренди девојка од скопската ноќна шема, која Игор Џамбазов ја одведе за една вечер познанство пред матичар. Бракот на Искра и Игор по години заеднички живот заврши како што заврши, секој замина на своја страна, а таа потоа по втор пат среќно се омажи и влета во телевизиските води.
Последниве години Искра Канзурова ја гледавме како водителка на Утринската програма на ТВ Алфа – „Добро утро, секое утро“ и тоа се’ до скоро, кога реши да и каже збогум на телевизијата.

„Не е во прашање никаква кавга, недоразбирање или нешто слично. Едноставно дојде до мое презаситување од работата, почнав да си станувам здодевна самата на себе и сфатив дека тоа не треба да им го пренесам на гледачите со кои со години извонредно се дружевме. Предолго бев дел од утринската програма, почна да ми пречи и станувањето ‘во црни зори’, така што сфатив дека е време за промени“ – ни изјави тогаш Искра, откако влета во сосема други води, оние на инфлуенс маркетингот и Интернет рекламирањето, со една интересна и скокотлива најава дека сепак… „Се гледаме наскоро, но во нешто сосема поинакво,“ оставајќи простор за љубопитност и очекување кај публиката.

Во меѓувреме доскорешната телевизиска водителка имаше голема причина за радост зашто нејзината ќерка Матеа, која е вистинска убавица, неодамна наполни 18 години и официјално зачекори во полнолетството.
Искра овој бесценет семеен момент го сподели на социјалните мрежи, објавувајќи фотографија со ќерка ѝ на својот Фејсбук, дополнета со горда мајчинска порака:
„Мојата Матеа наполни 18 години. Не постојат зборови да опишам колку те сакам“ – споделила гордата мајка, а објавата веднаш беше опсипана бројни честитки.

Матеа, која инаку е ученичка во средното балетско училиште ивеќе неколку години посветено се гради во светот балетската уметност и танцот. Искра во повеќе наврати јавно истакнала дека е неизмерно горда на нејзината дисциплина, талент, истрајност и посветеност на она што го одбрала веројатно да и биде идна професија.
View this post on Instagram
По семејната радост, Искра Канзурова со уште една, за неа радосна вест, а веројатно и за нејзините обожаватели, откако таа одново го најави своето присуство во медиумите. Само овој пат не на ТВ, туку на оние социјалните, поточно на Јутјуб каналот, каде започнува со свој поткаст.
Имено, на 15 февруари започнува нова медиумска приказна што носи искреност, длабочина и вистински човечки исповеди. Исκра Канзурова официјално го започнува својот поткаст „Глам & Драма“.

„Глам & Драма“ е повеќе од поткаст. Гледачите ќе имаат можност да видат различни профили од јавниот живот, луѓе чии кариери се исткаени од успеси и падови, блесоци и тивки борби, од аплаузи и премолчени солзи. Таму каде што гламурот завршува, започнува вистината. Со прашања што продираат под површината и одговори што не се глумат, поткастот станува простор за искрени приказни, длабоки сведоштва и човечки моменти, далеку од маските на јавниот имиџ и блиску до суштината на човекот“ “ – стои во најавата за новиот Јутјуб производ на Канзурова.
Се’ на се’, Искра Канзурова деновиве има причина за двојна радост. Нејзината ќерка стана полнолетна, а таа стана ем горда и среќна мама, ем водителка на сопствен поткаст – „Глам и драма“!
Фото: Facebook/Iskra Misik & Instagram/iskra.glamidrama




