Радио Милева јавен конфликт

Инди ја откри причината за кавгата со мајка ѝ и сестра ѝ: „Тие две се на едната страна, а јас на другата“

Инди ја откри причината за кавгата со мајка ѝ и сестра ѝ: „Тие две се на едната страна, а јас на другата“

Инди Арадиновиќ повторно е во центарот на вниманието на јавноста откако се огласи на социјалните мрежи и откри дека, по сè изгледа, се смирила со сестра ѝ и мајка ѝ.

„Ја сакам мајка ми и сестра ми најмногу на светот. Јбг, се случува. Само овој пат не смеев тоа јавно да го објавам. Лош момент и миг“, напиша таа на социјалните мрежи. Потоа споделила и молитва за простување на гревовите. Нејзиниот потег ги изненади многумина, особено ако се земе предвид дека само неколку дена претходно напишала дека „сестра ѝ и мајка ѝ се мртви за неа“.

Едита не сакала да го коментира овој потег, туку само ѝ порачала на Инди дека ја сака и дека „ѝ посакува само добро“. Сепак, многумина и понатаму се прашуваат што всушност се случило во семејството, па Инди реагирала на таков начин.

Како што пишуваат српските медиуми, иако сестрите и претходно имале турбулентен однос, чашата ја прелеало чувството на пејачката дека со години трпела неправда и дека немала поддршка во тешките моменти. Инди откри дека нејзината мајка никогаш не била покрај неа во тешките периоди, туку секогаш застанувала на страната на помладата ќерка, Едита Арадиновиќ.

Токму поради тоа што мајка ѝ застанала на страната на помладата ќерка, Инди реши да го прекине контактот со жената која ги родила.

„Мајка ми, Едита и јас водиме битки, секоја на свој начин, затоа што тие две така одлучија – тие две се на едната страна, а јас на другата“, рече Инди.

To top