Заврши седумдневната жалост, но само онаа официјално прогласената. Иако тргнати по редовен тек на обврските, сепак мислите, темата на разговор која ни е прва на памет и јазик е токму таа – траорната од жртвите и повредените од кобниот 16-ти во Кочани.
Доновиве зад нас, сигурно не ни беше до песна, но една сакале или не и тоа како ни вртеше низ глава, ни бучеше како потсетник од секој час, митута, секунда… „ Ако утре ме нема“ на ДНК.
Така бешпе и за Игор Џамбазов кој токму за ова напиша:
-Песнава ме прогонува.
Со денови наназад ми дише во врат.
Како потстанар да ми е во мозокот.
Како краста што не зараснува.
Како доказ за бесмисленоста на животот.
Како опомена за идните генерации.
Почивајте во мир деца наши… Стои во описот на видеото каде Игор ја свири на своето укулеле, а видеото стана вирално на социјалните мрежи, па немаше кој не го сподели истото.
View this post on Instagram
Црно- бела снимка, бавно темпо и уште потажен текст кој за жал секогаш ќе не потсетува и боли за загубата.
фото:Instagram printscreen/igordzambazov