Игор Џамбазов отсекогаш имал четвороножен пријател за „најдиобар дугар“… За некои тоа е креветот, ама за него, се кучињата, мачињата, домашните миленици од одвој тип сеедно… Најновата е кучка. Натурализирана скопјанка. До душа со славно турско ТВ име, иако е дојдена од Дојран во македонската престолнина. Арно ама по се’ изгледа „скопјанката во покушај“ никако да се навикне на домашни услови. И кога е во Скопје, а Бога ми и кога не е… Каде и да е, надвор и е многу поубаво, таков и е генот, само што на зима студи. Затоа поголемиот дел од денот сега мора да го помине внатре, на топло. А внатре – здодевно! Жива досада! А не дека нема се…
Така на пример убавиот мирен дојрански ден беше како создаден за гоштевање.
Најквалитетната кучешка храна за ручек, засилена од она што останало од ќофтињата во сос на домаќинот, а за десерт…? Ферхунде му го изеде сето она што Џамбазов го имаше заштедено на својата сметка!
View this post on Instagram
И покрај тоа што сега нејзиниот најдобар другар од човечки род „нема веќе сметка“ да ја чува, не ја дава ни за жива глава, па затоа навистина се погрижил покрај сето друго таа да има и максимален комфор, па како што е редот и купил и убаво, меко креветче, за да и биде удобен и што потопол престојот додејка тој не е дома. И тоа супермодерно, не од оние евтините, туку од две и пол илјади денари… Арно ама, сте се запрашале ли некогаш: „Што има внатре во креветчињата за куќни миленици?“
Откако претходно, пред некој ден Ферхунде „му го изеде десертот“, сега и практично му го покажа одговорот… Оној за содржината на креветчињата за кучиња и мачки!
После тоа на Џамбазов му остана само телевизиската најава во која онака новинарски како репортер на „ТВ Дојран Њуз“ од самото „место на злосторот“ известуваше за настанот и последиците од истиот, во кој главна и единствена осомничена е таа: Ферхунде – „The killer“!
View this post on Instagram
Фото и видео: Инстаграм/igordzambazov