Гоце Тодоровски беше актер кој со својата неповторлива харизма, природен хумор и препознатлива актерска енергија повеќе од четири децении беше неизоставен дел од македонската театарска и телевизиска сцена.
Зад себе остави богато творештво и неизбришлива трага во македонското глумиште. Со ретка леснотија ги спојуваше комедијата и драмата, а секој лик што го толкуваше го правеше автентичен, човечен и близок до публиката. Токму затоа остана еден од најпочитуваните и најсаканите актери, чија работа одбележа повеќе генерации гледачи.

И во поодминатите години Тодоровски покажуваше дека животниот дух не познава возраст. Пред извесно време, на 74-годишна возраст, ја направи својата прва тетоважа – крст со ангелски крилја на рамото, со што уште еднаш ја воодушеви јавноста и покажа дека никогаш не е доцна за нови животни одлуки.






