Радио Милева на љубовното поле

Гога Секулиќ флертува само на оваа платформа: „Сакам дечко, но сум избирлива“

Гога Секулиќ флертува само на оваа платформа: „Сакам дечко, но сум избирлива“

Пејачката Гога Секулиќ искрено изјавила дека сè ѝ оди добро на деловниот план, додека на љубовното поле, по два неуспешни брака, сè уште не пронашла маж со кого би сакала да остари.

На прашањето дали е емоционално исполнета таа одговорила:

– Моментално уживам во тоа што сум сама и слободна! Немам време за мажи, посветена сум на мојот син и мојата кариера. Настапувам секој ден и навистина уживам да поминувам време со мојата публика.

Додека на прашањето дали посакува нова љубов, таа била сосема искрена изненадила со она што го открила за себе:

– Да, но сум многу пребирлива. Не сум во години, а  ниту во позиција, да се однесувам како тинејџерка и да скокам со главата напред од врска во врска. Не ми одговара, сепак сум мајка.

Гога открила и дали денешните  мажи  знаат да флертуваат :

– Тие флертуваат преку пораки на Инстаграм. Меѓучовечките односи многу се променија и сè се искриви. Луѓето бараат корист во сè, без разлика дали е љубов, пријателство, работа… Штом нема корист, интересот исчезнува. Сè во животот правам исклучиво од вистинска желба и потреба, затоа воопшто не се вклопувам во овој век, кажала Гога во интервју за тамошните медиуми.

Foto:printscreen/instagram

To top