Радио Милева како друг човек

Главниот лик од крими серијата „CSI Miami“ денес има 68 години и е апсолутно непрепознатлив (фото)

Главниот лик од крими серијата „CSI Miami“ денес има 68 години и е апсолутно непрепознатлив (фото)

Актерот Дејвид Карусо се прослави со улогата во криминалистичката серија CSI Miami, а глумеше детектив што стана еден од омилените телевизиски ликови во тоа време.

Неговиот впечатлив стил, елегантните костуми и препознатливата фризура и денес се паметат. Серијата „CSI:Miami“ уживаше голема популарност, а до крајот на нејзината десетта сезона, Дејвид Карусо заработуваше по 375.000 долари за една епизода, така што стана еден од најплатените актери.

По завршувањето на серијата која во 2012 беше откажана, поради опаѓањето на гледаноста, Дејвид Карусо се повлече од светот на актерството, а во последните години стана речиси непрепознатлив.

На социјалните мрежи се појавија негови нови фотографии кои ги шокираа обожавателите. Актер сега изгледа многу поинаку отколку кога го привлекуваше вниманието на публиката пред малите екрани.

Наместо беспрекорниот изглед, тој сега делува запоставено, со подолга коса која останува единствен потсетник на неговиот некогашен имиџ.

„Што му се случило нему?“, „Изгледа како да има 80 години“, беа само дел од коментарите под новите слики на Карусо.

Актерот во јавноста за последен пат беше забележан во 2017 година, откако претходно се откажа од актерството и отвори уметничка галерија но и таа набргу ја затвори, а подоцна отвори и продавница за облека во Мајами.

Дејвид Карусо денес има 68 години, живее мирен живот далеку од светлата на рефлекторите и гламурот кои некогаш беа негово секојдневие.

фото:Instagram printscreen/ davidcaruso__fanpage63_/ david_caruso_oficial

To top