Естетската хирургија стана тренд во последниве години, а на регионалната естрада ретки се дамите кои можат да се пофалат со природни облини. Многу дами од јавната сцена ги искористија можностите за пластична хирургија и го променија она од што претходно не беа задоволни.
Рада Манојловиќ успешно се спротивставува на ова, бидејќи вели дека кога би променила нешто повеќе не би била таа.

„Момчињата никогаш не ми најдоа мана, но медиумите тоа го направија. Пишуваа: „Радо, ти си рамна како даска, зголеми ги градите. Поправи го носот, изгледаш како да имаш клун. И покрај се’, никогаш ништо не сум си поправила. Ги средив забите на предлог на една постара колешка, бидејќи навистина изгледав грубо на ТВ“ – беше искрена пејачка.
Рада, сепак, не е единствената. Една од оние кои се гордеат со својот природен изглед е и Милица Тодоровиќ. Пејачката одбива да оди под нож бидејќи, како што вели, е целосно задоволна со себе.

„Не се жалам дека имам мали гради, ги сакам такви какви што се. Навистина немам потреба да ставам силикони, затоа што ако имав верувајте до сега тоа ќе го направев. Моите пријатели постојано ме убедуваа: „Ајде Милице, ние ќе ти платиме за едниот силикон, а ти за другиот додај пари“. Еден клавијатурист кој со години работи со мене еднаш ми рече: „Леле, ајде Милице, стави нешто ситно во градите за да личиш на нешто“. Секогаш се смеам на тоа, но се’ е за џабе, ги сакам и кога се вака мали“ – објаснила тогаш Милица зошто не ставила силикони.
Ниту нејзината имењачка Милица Павловиќ не подлегна на модерниот тренд, но истакнува дека нема ништо против тоа.

„Немам ништо против естетските зафати и оние девојки кои сакаат да го прават тоа. Јас не сум една од нив и засега такво нешто не ме привлекува. Сакам да негувам природен изглед, свежина на лицето и природен тен без претерано потемнување“ – изјави Павловиќ. Како одговор на коментарите дека на фотографиите изгледа сосема поинаку од почетокот на кариерата, Милица рече дека секој што тврди дека оперирала нешто на лицето нека ги погледне одблизу нејзините фотографии.
Сара Јовановиќ, попозната како Сара Џо, своевремено се пофали со својот сосема природен изглед. Таа во една прилика изјави дека не направила никаква естетска корекција, иако не е против нив.

„Се на мене е природно, вклучително и мојот задник, тоа е се. Живеам во средина каде што природноста се цени. Од друга страна, немам предрасуди за пластичната хирургија“ – изјави Сара.
Поборник за природен изглед е и пејачката Николина Ковач. Важи за една од најубавите пејачки во Србија, а за тоа може да се заблагодари на генетиката и редовното вежбање во теретана. Николина уште на почетокот на кариерата изјави дека не сака силикони и дека треба да се величаат жените кои имаат природни атрибути.

„Понекогаш мислам дека е неправедно кон сите девојки кои имаат природни атрибути сите да мислат дека се и пластични. Јас лично немам ништо против естетската хирургија, но ми пречи кога ќе коментираат дека сум правела разни естетски интервенции. Би сакал девојките кои се природно убави тоа да го промовираат на вистински начин, а не да бидат во сенка на силиконските кралици. Дали дојде време кога треба да се срамиме да бидеме природни?“ – праша Николина.
Фото: Инстаграм/radamanojlovic/milicatodorovic_official.fan/senoritamilica/sarajoofficial/nikolina.kovac




