Заборавете на Денот на вљубените, на заедничкиот годишен одмор, на родендените… Барем кога е празничниот секс во прашање, зошто докажано е дека новогодишните и божиќните празници се најсекси празници во годината.
Верувале или не, во овој период продажбата на секси долна облека се зголемува за цели 200 %! Секси комплетите на градници, гаќички, халтери, килоти, неглижеа, подвезици, секси ноќници… не се никаква новост.
Но, колегите од британскиот портал со купони за дисконтно купување забележале зголемување на нивните пребарувања на зборовите: секси долна облека и секси костими од цели 512 % само во месец декември, а продажбата на ваквата облека пораснала за 263 % во истиот месец. Ем економски исплатливо, ем секси, нема што!
Кога на сето тоа ќе му се придодаде и енормно зголеманата продажба на еротски и секси помагала, очигледно е дека Нова Година и Божиќ се најсекси празници во годината! Епа, среќни секси празници!