Љупка Митрова е феномен. Дефинитивно кај нас нема познат лик кој годинава која влегува во својата „четврта четвртина“, бил на повеќе егзотични дестинации од неа. И не само тоа. Кога расната струмичанка некаде летува, тоа е уживање со стил, во раскош, гламур и луксуз… дибидус!

Така беше и кога тоа го правеше сама како соло дама, така е и сега кога е „репризно“ мажена жена. Брачниот статус сменет, но навиките – никако! Во ниту еден поглед!

Најскапи хотели, јадења, пиења, јахти, глисери, шопинг на скапи брендирани парчиња…

Уживање за сите пари за неа и нејзината придружба во секој поглед и тоа непосредно, ама и уживање и за сите нејзини следбеници на социјалните мрежи, секако, за нив само визуелно.

Имено, атрактивната сопственичка на новиот моден бренд насловен по нејзиното презиме кој полека ги освојува и познатите лица во Македонија, нема дестинација на која била, а да не им приреди „празник за очи“ на своите обожаватели.

Особено во последно време, каде Љупка ги бомбардира социјалните мрежи со фотографии и видеа од своите патешествија со скокотливи фотографии и видеа на кои ја споделува својата телесна убавина… до гола кожа!

Таква е и оваа објава на расната струмичанка од нејзината нова дестинација – сончевата Шпанија. Есента пристигна, а сексапилната струмичанка не престана да летува, ама и да споделува еротска возбуда.

Уште една Инстаграм разгледница со која на своите машки следбеници, а и на сите други од посилниот пол им приреди нов „сладок стрес“! Зашто Љупка Митрова нема комплекс да се соблече топлес!

Особено кога плетеното бикинито е во упадлива жар црвена боја, тангата длабоко потоната, а плетката расцветана… а цветот – на вистинското место…

Зашто Љупка никогаш не престанува да сонува!

Заводливото нишање на колковите на расната убавица од Струмица, само дополнително го буди најпосакуваниот „бог меѓу боговите“ од грчката митологија – Ерос, богот на љубовта, страста и сексот… Глетка што предизвикува вистинска експлозија од еротска возбуда!

Нешто што малку меѓу познатите дами го умеат, да бидат секси до коска, возбудливи до болка, да зрачат со неодолив сексапил, а сето тоа да биде префинето, со стил!
View this post on Instagram
Фото и видео: Инстаграм/ljupka_mitrova







