Радио Милева бети блесна, но допрва ќе свети...

Елизабета Ефтоска е новата ѕвезда во „Никогаш не е доцна“: Членовите на жирито се натпреваруваа кој побргу ќе ја договори да му биде гостинка на концерт

Елизабета Ефтоска е новата ѕвезда во „Никогаш не е доцна“: Членовите на жирито се натпреваруваа кој побргу ќе ја договори да му биде гостинка на концерт

Елизабета Ефтоска (47) од Гостивар работи како воспитувачка во градинка, но има и свој бенд со кој настапува, па затоа оваа сезона реши да си ја проба среќата како пејачка во шоуто „Никогаш не е доцна“.

Во првиот круг, таа успеа да привлече големо внимание со својот настап и да добие комплименти од Дејан Матиќ и покана да настапи заедно со него, додека во второто коло Бобан Рајовиќ веднаш се надоврза на тоа. 

„Добра вечер. Пред малку го слушнав Деки Матиќ во претходната емисија дека ве поканил како гостинка во Гостивар, па ме престигна. Ќе правам концерт следната година во големата сала „Борис Трајковски“, па помислив да ве поканам. Но, дотогаш ќе бидеш гостин кај Деки и ќе бидеш многу, многу популарна, бидејќи гледам како си почнала,  честитки“ – ѝ рече пејачот, а пред настапот на шега праша дали би се променила ако стигне до финалето:

„Нема шанси да се вообразам. Тоа не е мој стил. Ќе останам иста, каква што сум сега“ – кратко му одговори натпреварувачката.

За вториот круг, таа ја избра песната на победничката на четвртата сезона од шоуто, нашата Ленче Кукиќ, „Катарино моме“, а претседателот на жирито, Саша Милошевиќ Маре, не го криеше своето воодушевување што песната на пејачката, која стана позната од шоуто „Никогаш не е доцна“, беше изведена.

„Од Ленча Кукиќ ќе пееш песна, браво. Го чекавме тоа. Изведуваме песна од наш победничка“ – рече Маре со гордост. 

 Дека жирито остана без зборови од нејзината интерпретација и целокупната енергија потврди и моментот кон крајот на изведбата кога Бобан стана и заедно со останатите членови на жирито  ѝ додели громогласен аплауз на Елизабета. 

Како единствена дама во жирито, Џејла Рамовиќ прва имаше  збор, а од нејзиниот израз на лицето беше јасно дека е вчудовидена.

„Не знам од каде да почнам. Прво, не сум ја слушнала оваа песна порано, ме воодушеви, а и бендот ме воодушеви. Но, морам да кажам ти Елизабета, толку многу ме воодушеви со твојот настап на сцената. Ќе им оставам на овие прекрасни луѓе овде да зборуваат за пеењето, а јас само ќе кажам, како жена на жена, дека си толку убава и дека имаш толку прекрасен дамски став на сцената што едноставно владееш со целата ситуација… А и оваа песна ти лежи толку добро. Браво, едвај чекам да ја слушнам следната.  – рече пејачката, додавајќи дека Гостивар и целото нејзино семејство треба да бидат горди на Елизабета.

„Како тргнала Бети,  со должно почитување кон моите браќа, Бобан и Дејан, изгледа дека тие ќе и бидат гости на нејзиниот концерт“ – шеговито коментираше Маре, а Бобан веднаш му одговори: –

„Токму тоа сакав да го кажам“ – додаде Рајовиќ, а Џеила се придружи и смеејќи му рече на натпреварувачот да ги покани сите на концертот како гости. Саша Милошевиќ Маре потоа истакна дека веќе ја препознава ѕвездата во неа и  ѝ упати зборови на поддршка. 

„Навистина ти посакувам многу среќа. Одлично си започнала и веќе на сите им е јасно дека пред нас имаме одлична пејачка. Само бирај ги песните мудро до крајот и ќе стигнеш до финале“ – ѝ рече претседателот на жирито.

Бобан Рајовиќ доби збор и објасни зошто станал од столчето на крајот од првата нумера.

„Како веќе да сум слушнал колку одлично ќе пее и веќе очекував дека ќе ми биде гостин на концертот, меѓутоа, што вели Маре, брзо ќе се случи дека ќе бидам ваш гостин на концертот и навистина ви го посакувам тоа од се срце. Џејла ја отвори програмата и сите ја пофаливме. Не треба да ја фалиме, бидејќи знаеме како пее, но затоа ти си нејзина сериозна конкуренција. Честитки“ – ѝ рече пејачот, а Џејла веднаш се сврте кон него по оваа констатација.

„Не е конкуренција, има место и за дваете, но навистина браво“ – додаде пејачката.

Во продолжението, Жика Јакшиќ додаде дека споменатата песна од Ленча Кукиќ е всушност стара изворна, само што таа ја донесе во нов аранжман.  Натпреварувачката беше поддржана од нејзините колеги од градинката и бендот Христијан Еферски и Влатко Соломоновски – постдипломец на музичката академија и клавијатурист на бендот „Бети и бенд“. Во ревијалниот дел, таа ја отпеа во дует со својот колега Христијан Еферски песната „Ти си лек за мојата душа“, која  оригинално ја изведуваа Горица Илиќ и Шабан Шаулиќ.

Фото и видео: Јутјуб/Nikad nije kasno – Cela emisija 20 – 01.02.2026.

To top