Македонската публика со нетрпение го очекува големиот летен спектакл, концертот на светската мегаѕвезда Џејсон Деруло на 2-ри август во Охрид. Токму пред ова фасцинантно шоу, екипата на најгледаниот естраден ТВ магазин, „Бекстејџ“ направи ексклузивно интервју со него!
Во разговорот, Деруло откри што подготвува за македонската публика, па кажа:
„Ова ќе ми биде првпат во Македонија, но се надевам дека нема да биде последен. На 2 август ќе се случи најголемата забава на светот. Тоа ќе биде спектакл и луда авантура. Ја испраќам цела моја љубов до сите. Македонијо, подготви се за спектакл каков што не си видела“.
Џејсон Деруло ќе одржи голем концерт на 2-ри август на „Билјанини извори“ во Охрид…







