Радио Милева штркот е повторно на пат...

Една свадбена фотографија откри дека на Андреа веќе и се познава трудничкото стомаче: Мартин од „Некст тајм“ чека второ дете?!

Една свадбена фотографија откри дека на Андреа веќе и се познава трудничкото стомаче: Мартин од „Некст тајм“ чека второ дете?!

Мартин Филиповски – гитаристот и една половина од братско-близначкото музичко дуо „Некст тајм“ и неговата сопруга Андреа Белеска,  живеат  среќни денови, а секоја радост сакаат да ја споделат и со јавноста.

 

Нивната семејна хармонија пред речиси две години беше збогатена со раѓањето на нивната ќеркичка Лиана, околу која сега се врти светот во семејната бајка. Малечката принцеза е секогаш во центарот на вниманието на грижливите родители, кои речиси секаде каде што можат ја носат со себе.

Така било и деновиве кога мартин и Андреа биле гости на една свадбена веселба, а малечката Лиана ги придружувала. Но фотографиите кои осамнаа на Инстаграм профилот на атрактивната сопруга на гитаристот на „Некст тајм“ всушност го привлекоа вниманието на јавноста за нешто сосема друго.

Имено, на нив се гледа дека на убавата Андреа и се препознава веќе поднараснатото трудничко стомаче, од кое може да се заклучи дека таа е некаде на средина на својата втора бременост.

А тоа значи само едно: Дека Андреа и Мартин од „Некст тајм“ чекаат второ дете?!

Засега официјално никој не се огласил, и не ја потврдил бременоста на Андреа, ниту пак го открил полот на приновата кија штркот што наскоро ќе долета, ќе ја донесе во семејното гнездо! Машко или девојче – сеедно, важно е да е живо и здраво!

Фото: Инстаграм/bl.andrea

To top