Радио Милева паднаа маските

Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ во отворена војна: Пејачката ги откри болните причини за разводот, бизнисменот брутално возврати

Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ во отворена војна: Пејачката ги откри болните причини за разводот, бизнисменот брутално возврати

Разводот на фолк ѕвездата Драгана Мирковиќ и бизнисменот Тони Бијелиќ повторно е главна тема во регионот, откако нивниот судир целосно ескалираше во јавноста. По долги години молк, пејачката реши отворено да проговори за крахот на бракот, што предизвика жестока и бесна реакција од нејзиниот поранешен сопруг.

Гостувајќи во подкастот „Б-13“, Драгана Мирковиќ призна дека поминала низ исклучително тежок период, но и дека сфатила колку е всушност силна.

Пејачката нагласи дека приказните кои со месеци се појавуваат во медиумите не се точни. Вистинските причини за разводот биле многу посериозни и поболни.Каде е границата: Таа откри дека уште пред пет години сфатила дека е посреќна сама со своите деца. Иако е личност која многу трпи и простува, овојпат биле преминати сите граници.

Најголема поддршка и дале децата Марко и Мануела. Токму тие и пресекле со зборовите: „Мамо, ајде да си одиме“, по што таа поднела барање за развод.Тони со брутални обвинувања: „Колку плати за да ме плукаат?“Бизнисменот Тони Бијелиќ не остана должен и веднаш се огласи на социјалните мрежи со низа мистериозни, но и многу директни пораки со кои ја шокираше јавноста.

Тони јавно ги оспори нејзините изјави прашувајќи: „Не е таа причината… А која е? Знае само Тони“.

Тој отиде дотаму што ја обвини поранешната сопруга дека плаќа медиумска кампања против него. „Колку плати за да ме плукаат? Доста беше фолирање, срам да ти е!“, напиша револтираниот Бијелиќ.

Тони ги демантираше и поранешните гласини за наводна бремена љубовница, кратко коментирајќи дека нема ниту бремена жена, ниту бебе. Иако некогаш важеа за еден од најскладните парови на естрадата чија љубовна приказна изгледаше како бајка, јасно е дека односите меѓу поранешните сопружници се трајно нарушени и дека допрва ќе излегуваат нови пикантерии.

фото:Instagram printscreen

To top