Радио Милева чист хедонизам

Додека ние броиме денови до викенд, таа ужива: Лила „фати корен“ на море и ни порача — „И вторник е убав!“

Додека ние броиме денови до викенд, таа ужива: Лила „фати корен“ на море и ни порача — „И вторник е убав!“

Додека социјалните мрежи деновиве се преплавени со фотографии од училишни ранци, книги и статуси за тоа како „тешко паѓа враќањето во канцеларија по одморот“, на профилот на нашата најпозната водителка Лила Стојановска приказната е сосема поинаква.

За неа септември е само уште еден изговор за уживање на плажа, долги сончеви денови и пиење „фрапе“ под сламени чадори.

Лила уште еднаш докажа дека е вечен патник и дека не планира така лесно да му каже збогум на летото. Таа сподели серија фотографии на кои позира во впечатлив розов костим за капење, со стилски сламен шешир и поглед кој ве тера веднаш да си ги извадите куферите повторно.

„И вторник е убав кога си на море“, напиша таа со својата препознатлива харизма, а веднаш потоа додаде и порака која ги замисли нејзините следбеници:

„Некои лета не завршуваат. Само стануваат спомен засекогаш“.

И додека ние со право малку ѝ љубомориме од нашите работни бироа, мора да признаеме дека на Лила едноставно и се може!

Таа знае како да го искористи секој последен топол сончев зрак и да ни покаже дека за вистинските уживатели, летото е состојба на умот, а не само бројка на календарот.

Сонце, бранови и чист хедонизам – Лила, ни го разубави, а и малку ни го „зацрни“ почетокот на септември!

фото:Instagram printscreen/lilafilipovska

To top