Македонскиот пејач и „party master“ за ноќни забави Драган Темелков-Џони неодамна стана татко. Човекот кој со години ја диктира атмосферата на ноќните свирки во македонската престолнина, но неретко и ширум Македонија, сега се оствари и во најубавата животна улога, откако неговата избраничка, убавата Сара Ужановска, непосредно пред најголемиот христијански празник – Велигден на свет донесе машко дете.
Малечкиот ангел го добил името Милан, тато Џони тогаш ги собра другарите да прослават.
Но, како што е редот и како што налага нашата традиција, рожба без мекици не бидува, па така пејачот ги собра најблиските, другарите и пријателите да почести, во истиот скопски ресторан, познатиот Дион- Аеродром, каде слвјето беше навистина весело.

Мешу гостите и мноштво познати лица од јавниот, од урбаниот градски живот, ТВ лица, музички ѕвезди… Покрај стандардниот бенд, разбирливо запеа и среќниот татко, но главни за забавата беа македонската фолк легенда Наум Петрески и познатиот инструменталист на кавал и зурла, Гоце Димовски од етно групата „Синтезис“.
И ако тато Џони досега многупати знаел како изгледа да те китат со бакшиш, сега на пејачот му дојде редот да се фати за џебот!
До душа, Наум го китеа и останатите гости, па фолк легендата едвај можеше да го држи микрофонот в рака.
Но и домаќинот на рожествената забава воопшто не се штедеше… Среќниот татко многу добро знае како изгледа кога туѓиот ќеф и задоволство за душа и срце се наградуваат со песна, но и како изгледа кога за ќефот се плаќа…
А сега, кога на пејачот му дојде редот да се фати за џебот за да прослави за рожбата на својот син, Драган Темелков се покажа како галантен господин. Оти кога душата има зошто да се радува, нема лимит, нема квоти… Па така, на мекици кај Џони – летаа банкноти!
Фото и видео: Инстаграм/dragan_temelkov




