Радио Милева без задршка

Џокер ги отвори картите и јавно и „плесна“ на колешката: „Може ли кога пееш да погодиш барем еден тон?“ (фото)

Џокер ги отвори картите и јавно и „плесна“ на колешката: „Може ли кога пееш да погодиш барем еден тон?“ (фото)

Музичарот и сопруг на пејачката Антониа Гиговска, Роберт Спасенцовски алијас Џокер се дрзна да ја смени праксата и да го каже јавно и пред сите она што се коментира интерно меѓу колегите кога се музичките способности во прашање.

Субјект за критика беше пејачка од соседството која според клавијатуристот и хармоникаш не е на висина на задачата за она што го презентира пред публиката – пеењето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @jokerdam93

Според Роберт, пејачката Јована Пајиќ кога пее во живо не успева да погоди тон, па во прашална форма и го постави прашање со директна и остра критика означувајќи го нејзиното име на објавата која се најде на ноговите „стори“ од Инстаграм профилот.

-Јована Пајиќ, може ли кога ќе пееш вака во живо, да погодиш барем еден тон? Фала кукло, пишува Џокер.

Картите се отворени, прозивката јавна, па дали Пајиќ ќе се огласи или ќе „крене рака“ како знак за стоп  на се’ она што не сака да допре до неа, останува да видиме…

фото: Instagram printscreen/ jokerdam93/  jovana___pajic/

To top