Да имаш домашен миленик, особено пес е благодет, велат многумина, особено оние што гледаат отстрана. Арно ама, оние што ги имаат по дома, знаат дека благодетот неретко се им се претвора во пекол.

Изгрицкан мебел, чевли, папучи, патики, дупнати чорапи, искинати книги, учебници, распарталени каучи, јоргани, перници… Зависи од возраста и расата, а најмногу од дресурата, да не речеме од воспитанието, зашто кучињата се како мали деца. Колку повеќе им попушташ и ги галиш и кога не треба, толку повеќе ќе ти се врати… И кога треба, а многу често и кога не треба!

Но, „слатките маки“ не застануваат тука. Кај некои врсти одржувањето на хигиената како капењето, шишањето или чешлањето се проблем плус, зашто некои „љубимци“ ни вода, ни ножици, ни чешел не сакаат да видат, а камо ли да почувствуваат на себе и своето крзно.
Одењето на ветеринар пак, е посебна приказна. Страв во коски за сите, штом еднаш ќе го почувствуваат и запаметат мирисот на кучешката амбуланта.

Една од бељите за сопствениците на многу кучиња е и сечењето нокти. За нас луѓето најобичен хигиенски ритуал, за многу кучиња – хорор. Едноставно имаат уплав од грицкалица или специјални ножици за кратење на кучешките нокти.
Дека е тоа така, на своја кожа почувствува и Игор Џамбазов. Кога е маката вб прашање со неговата Fерхунде, на која пак после ова сечење нокти ќе треба да ја носин да и бааат од уплав. А Џамбаз само сакаше неговата кучка да изгледа уредно, средено и убаво. Ама по се’ изгледа не и беше денот… Ни на неа, ниту нему…

Зашто уште асално не разбуден, Ферхунде тоа утро му приреди „хаос под јорганот“ откако случајно го „шибна“ по органот!


Или малку подолу, по оние двете, под него, сеедно!

Нешто подоцна, ете ја кучката заедно сосе газдата на закажан термин, на третман за разубавување и лична хигиена. На сечење нокти кај стручно лице или што би рекле, на кучешки педикир.

Кај човекот се најде на тешки маки и големо гајле уште од рано посабајле, кучката на педикир на Џамбазов му создаде дополнителен немир. Ферхунде на педикир како на гилотиња, ја однесе на нокти сечење, како да ја носи на колење!

Уплав страв и цвилење, додека тој едвај успева цврсто да ја додржи со двете раце, таа кутраста преплашена, цимоли, плаче., иако сечењето нокти ништо не боли. Ама… Стравот Бога не моли!
View this post on Instagram
Фото и видео: Instagramigordzambazov







