Радио Милева страшно дури и за на сон

Дарко Лазиќ со потресна објава на 6 години од стравотната сообраќајка од која едвај остана жив (фото)

Дарко Лазиќ со потресна објава на 6 години од стравотната сообраќајка од која едвај остана жив (фото)

Дарко Лазиќ едвај преживеа тешка сообраќајна несреќа пред неколку години.

Пејачот тогаш беше во кома  23 дена, во таа прилика се здобил со тешки повреди и му биле загрозен животот, а споменатиот датум никогаш нема да го заборави.

Фолкерот се огласи на социјалната мрежа Инстаграм и се потсети на тој немил настан.

Тој објави видео од патот каде се случи несреќата пред точно 6 години, заедно со емотивна порака.

-Пред точно 6 години на ова место точно во ова време се случи тешка сообраќајна несреќа. Ти благодарам, Боже, што ме спаси. Ви благодарам за секој ден што ми го подари – напиша Дарко во описот на видеото.

Да потсетиме, Дарко Лазиќ еднаш во својот говор ги опиша деталите за привиденијата што ги имал додека бил на апарати за одржување.

– Имав сообраќајна несреќа во октомври 2018 година и неколку часа подоцна ме отпишаа. Целосно потонав. Два месеци бев во болница, да не зборувам за повредите кои се страшни: 12 скршени ребра, скршен колк, карлица, граден кош, хематом на глава, слезина, бубрег. Еден месец дишев со машина, 23 дена бев во кома. Тоа е многу чудна работа. Нон-стоп го имав во главата и видов некои бели или светло сини завеси кои постојано беа таму, како летаат. Видов и некои луѓе кои воопшто не ги познавам За тие 23 дена, кои ми траеја, како да легнав и спиев и се разбудив следниот ден – откри Лазиќ, а по изјавата на неговите соговорници дека може да се разбере како да е од друга страна, тој одговори:

– Бев клинички мртов, во кома. Знам дека ме реанимираа. Така ми кажаа после, па има нешто сигурно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DARKO LAZIĆ (@darkolazicofficial)

Потоа објасни што му донела несреќата:

– Лошата страна е што бев многу повреден и што се уште имам проблем со ногата и тие повреди, а добрата страна е што конечно видов кој не ми треба во животот и научив што не сакам и што сакам – рече тогаш Дарко во подкастот „Радин и Роден“ на Тик-ток.

фото:Instagram printscreen/ darkolazicofficial

To top