Фолкерката Сека Алексиќ (45) важи за една од најубавите и најзгодните пејачки на српската сцена. Иако често водеше борба со вишок килограми, Сека секогаш важеше за некоја што има расни облини, но не криеше дека е голем гурман.
Со години се противеше на слабеењето, беше на диети, а сега изгледа одлучи да му застане на патот на својот апетит, па изгледа никогаш подобро.

Сека облече едноделен костим за капење кој ѝ стоеше како зашиен, а во прв план беше нејзиниот извајан задник за кој многумина велат дека може да му парира на оној што го има светската старлета Ким Кардашијан, како и бујните гради.

Пејачката покажа никогаш потесен струк, кој несомнено е резултат на макотрпните тренинзи кои неодамна ги сподели на својот Инстаграм.
Сека неодамна се осврна на негативните коментари, од кои посебно издвои дека ѝ пречи кога ѝ ја споменуваат косата.

-Знам кој е добронамерен, но и кога луѓето ми приоѓаат поради мојата коса, бидејќи најмногу околу тоа се коментира, зошто е толку предолга. Сакам, ми се допаѓа, тоа ми е самодоверба – рече Сека. Кога имам кратка коса, како некој да ми ја одзел сексуалноста, така се чувствувам. Косата не ми ја допирајте – истакна таа.
фото:Instagram printscreen/seka_aleksic





