Пејачката Бранка Соврлиќ завршила во болница поради здрав оброк кој што не го подготвила како што треба.
Имено, по консумирањето на чиа семе, Бранка Соврлиќ добила болки во стомакот, поради што веднаш отишла во болница.
„Иако имам ресторан, често готвам дома“, почна Бранка, опишувајќи ја ситуацијата во која неодамна се нашла:
„Им советувам на сите да јадат она што го подготвувале и јаделе нашите баби, а не да измислуваат топла вода. Неодамна завршив во болница поради семки од чиа. Сите знаеја дека сум во болница, но не ја знаеја причината. Ги јадев така, и не ги потопував, па ми се залепија за цревата. И затоа, не препорачувам никому да јаде така, ни под никакви околности“, рече пејачката, пишува Блиц.

Инаку, таа се смета за една од најбогатите пејачки на естрадата, бидејќи поседува неколку луксузни имоти, и е среќно мажена со години.
foto: printscreen/instgaram/branka_sovrlic





