Радио Милева убавица од скопскиот асфалт

Бојана Нушкова е девојка од соништата, на која дамите и завидуваат, а по која машките воздивнуваат и сонуваат (ВИДЕО)

Бојана Нушкова е девојка од соништата, на која дамите и завидуваат, а по која машките воздивнуваат и сонуваат (ВИДЕО)

Meѓу останатите манекенки кои ги носеа екстравагантните модели на гламуроизната модна ревија на Љупкас Митрова во скопски Камник, насловена „Гола меморија“ беше и таа… Долгоногата убавица од скопскиот асфалт.

 

Крупни зелени очи, долга костенлива коса, вита става на која никој не може да остане рамнодушен и долги нозе „уз врат“, како заштитен знак. Ако на сето ова му ги придодадете убавите природни гради и извајаниот заоблен задник, ги добивате одликите на Бојана Нушкова –  Македонка од соништата, која полека но сигурно им ја краде славата на  многу  познати модели од регионот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Boyana Nushkova (@boyananushkova)

Македонската убавица која како да е  симната од насловниците на светските модни часописи, ги има сите предиспозиции и телесни адути за свeтска слава на модните писти!

Она што мајката природа го дала и со што ја надарила, Бојана никогаш не го ни криела, па својот телесен раскош обилно го користи и истакнува како свој адут за просперитет во манекенската професија и кариерата на интернеционален топ модел, кој веќе го има во каталозите на најпознатите балкански модни агенции.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Boyana Nushkova (@boyananushkova)

Позирањето и разголувањето одат некако рака под рака, без оглед дали се работи за чисто уметничка фотографија или е во прашање рекламно-моден едиторијал, голото женско тело и острото око на фотографот низ кадарот на фотообјективот се секогаш во симбиоза, во интересен уметнички спој, за што поизразен еротски набој!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Boyana Nushkova (@boyananushkova)

Особено кога се рекламира долна облека, како што тоа Бојана меѓудругото го прави во своите жешки рекламни фотосесии. Секси танга гаќички, градници, халтери, црна, бела, шарена тантела…

Или танга бикини во кои се совршено вклопени или длабоко потонати нејзините облини. Што и да носи на себе, долгоногата македонска убавица ја буди волшебната игра на сите сетила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Boyana Nushkova (@boyananushkova)

Зашто минијатурните парчиња долна облека само уште повеќе ги разгоруваат мечтите, ја будат страста, ги засилуваат копнежите, ги поттикнуваат желбите…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Boyana Nushkova (@boyananushkova)

А таа сето тоа го потенцира толку смело на своето разголено, извајано женско тело, што ако сте вистински маж, навистина тешко ќе можете да и одолеете… На долната облека што ја рекламира, се разбира, па ќе побрзате да ја набавите за вам драгата личност, која едвај ќе чекате да ја облече, за да видите дали и неа и прилега како на Бојана?!

Фото: Инстаграм принтскрин/boyananushkova

To top