Бјанка Ценсори беше фотографирана во уште една интригантна облека – бикини кое изгледа како да е направено од оние ѓердани од бонбони.
Бјанка Ценсори, сопругата на Канје Вест, никогаш не се откажува од својот неконвенционален моден стил и ризичните избори на облека и обувки. Таа, а и музичарот и претприемач кој видел и подобри денови, секогаш дотуркуваат до високи позиции, барем во колумните за шоубизнисот и ексклузивите на папараците.
Овој викенд, фотографите имаа многу работа со двојката – тие се шетаа низ Њујорк, пазаруваа во продавницата „Алаја“, а подоцна вечераа. За активностите во саботата, австралиската дизајнерка и модел избра црна проѕирна маица со долги ракави и ролка, мали шорцеви и сандали со потпетица со ремен што допираше под колената. Како и секогаш, Канје беше целосна спротивност во црна јакна, црни панталони и црни чевли, а сето тоа го надополни со очила за сонце.
За време на прошетката, застанаа во еден трговски центар, а за вечера, Бјанка го соблече црниот топ и облече јакна/кошула со ревер украсена со црни пердуви. Не ја закопча, туку, како и обично, ги покажа градите.
📸 More photos of Ye and Bianca Censori in New York City today pic.twitter.com/vRUBv0LmmR
— TotalYe (@totalkanye) June 21, 2025
Во неделата, таа беше фотографирана во уште една интригантна комбинација – бикини кое изгледа како да е направено од тие ѓердани од бомбони.
Ye’s wife Bianca Censori spotted wearing a bikini made out of candy in NYC today pic.twitter.com/lEMXWFbRHa
— Yeezyrih (@Yeeezyrih) June 22, 2025
Се чини дека брачната криза е зад нив. Тие се разделија по скандалозното појавување на црвениот тепих на доделувањето на наградите Греми. Тогаш Ценсори го соблече крзненото палто и откри целосно проѕирен мини фустан додека Вест стоеше и ја гледаше.
View this post on Instagram
фото: printscreen/tiktok/the.real.bianca.censori